Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во  соработка со “Култур-Контакт“ Австрија во име на Австриксото Министерство за образование, уметност и култура во Охрид  организира семинар за секторската подпрограма „Леонардо да Винчи“, која се однесува на целокупниот спектар на субјекти покриени од  стручното образование и обука.

Целта на тридневниот семинар што се одржува во х. „Милениум“,  е запознавање на учесниците со специфичните детали од подпрограмата, начините за пријавување, споделување на искуства со други корисници како и со правилата и роковите кои мора да се почитуваат. За таа цел на семинарот ќе пприсуствуваат тројца експерти од Австрија кои имаат огромно искуство во работата со оваа програма, информираат организаторите.
   

Ohridnews