Паркиралишта, плоштади, тротоари, пешачки патеки…..се тоа од бекатон. Во Охрид речиси нема маало каде нешто не е поплочено со бекатон. Нема ништо спорно во квалитетот на овој градежен материјал, но тој ниту од естетски ниту од практични причини не се вклопува во секој амбиент. За тоа веројатно многу малку се води сметка па така се почесто со бекатон се вршат и поправки на коловозите. Една таква деновиве е направена во близина на општинскиата зграда. Мајсторите убаво си ја завршија работата, но прашање е колку плочките ќе ја издржат тежината на возилата, како што тоа е проблем и на други места каде на ваков начин времено се санираат оштетените коловози.


Во Охрид се се’ решава со бекатон

OhridNews