Како се постапува во случај на евентуална радиолошка несреќа е темата на која во Охрид расправаат претставници на надлежните институции од државите во регионот. На тридневната тренинг обука што во рамки на регионалниот проект на Меѓународната агенција за атомска енергија ја организира Владата на Република Македонија во соработка со Дирекцијата за радиациона сигурност, акцент ќе биде ставен на вежби за тестирање на системот на подготвеност за радијоциони вонредни настани.
– Поважни се врските што ќе бидат воспоставени меѓу институциите, кои ќе придонесат за значајно зајакнување на националните капацитети за справување со евентуални нуклеарни и радијациски несреќи и закани, согласно постојните безбедносни стандарди, истакна министерот за образование и наука Никола Тодоров во обраќањето пред учесниците.
На работилницата преку теоретски предавања и практични вежби учесниците ќе работат на зајакнување на капацитетите за одговор при вонредни ситуации.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com