Црвен крст Охрид преку своите млади активисти-волонтери обучени за ПИЕР-врсничка едукација за превенција на болести на зависност, веЌе два месеци (април и мај) континуирано врШи презентација и едукација на младите од основните и средните училиШта во опШтините Охрид и Дебарца, за болестите на зависност (пуШење, алкохол, дрога). Одржани се преку 20 работилници а целта е да се промовира здраво, одговорно однесување и да се наметне здрав и уреден животен стил кај младите, наспроти се поголемото присуство на овие пороци и забележителните последици од нив.
Покрај образовните институции со оваа превентивна програма на Црвен крст Охрид, беа опфатени и осудениците во ОпШтинскиот затвор Охрид, како една од вулнерабилните групи, а беШе одржана и трибина со дел од родители на адолеценти, како важен фактор за правилен избор и насока на децата во животот.
од предавањата во образовните успанови
Овие активности Црвен крст Охрид ги прави во соработка и координација со Дневниот центарот за корисници на дроги.
За превенцијата на болести на зависност Црвен крст Охрид има разработена програма која се применувала и во изминатиот период, а и понатаму Ќе ја имплементира преку вакви и слични едукативни работилници со различни ранливи групи.
Борбата против девијантните појави во опШтеството претставува Широк фронт на кој треба да дејствува целата заедница со целиот расположлив потенцијал, сметаат од охридскиот Црвен крст. Во тој контекст, оваа организација го поздравува формирањето на Координативноопт тело за превенција од болести на зависност и очекува тоа активно да се приклучи во борбата против пороците.
Г.М.