Во одморалиштето „Далјан“ во Охрид, викендов се одржаа традиционалните Републички спортски натпрвари на Националниот сојуз на здруженијата на инвалидите на трудот на РС Македонија.

Спортските натпревари ги поздрави и за отворени ги прогласи претседателот на Националниот Сојуз на инвалидите на трудот на РС Македонија Џеват Палоши, а ги поздравија и гостите потпретседателката на Сојузот на инвалидите на трудот на Албанија и претседателка на Корча Доника Јица,претседателот на Пешкопеја Дритан Болуку. Во името на градот домаќин се обрати претседателот на ЗИТ Охрид Климо Димоски.

Овие натпревари се најмасовни и покрај осуството на поодалечените градови од Републикава.  Целта е да се запознаеме, дружиме и активно да спортуваме за поубав и здрав живот, рече во поздравното обраќање претседателот Палоши.

Се заложи за подобрување на стандардот на оваа категорија на пензионери, кои се со речиси најниски пензии во сооднос со животниот стандард. Тој ја спомна и соработката со Сојузите на инвалидите на трудот што јаимаат, со Република Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Словенија.

Нашиот сојуз брои 35 здруженија на инвалиди на трудот во Републикава, рече Палоши.

На натпреварите настапија 160 спортисти од Охрид, Струга, Ресен, Дебар, Кичево, Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Куманово, Свети Николе, Пробиштип, Штип и Радовиш. Спортистите се натпреваруваа во стандардите 12 дисциплини. Претходно регионалните натпревари се оржаа во Радовиш, и Сарај.

Севкупен победник со најмногу освоени први места на натпреварите е ЗИТ од Кисела Вода, а за бод помалку вторто место го освои домаќинот Охрид. Во дисциплината пикадо за мажи и жени, прво место го освои Кисела Вода. Во шутирање на мали голчиња прва беше екипата на Охрид, а во жени Радовиш. Во фрлање на ѓуле кај мажите најдобри се Пробиштип, а кај жените Штип. Во играње карти-табланет прва е екипата на Кисела Вода, кај жените Штип. Во дисциплината Домино за мажи најдобри резултати постигна екипата на Свети Николе, а кај жените Охрид, и во дисциплината шах победи екипата на Пробиштип, а во женска конкуренција немаше натрпеварувачи.

Претседателот на Националниот сојуз на здруженијата на инвалидите на трудот Џеват Палоши на сите екипи учесници им врачи признанија, а на најдобрите спортисти дипломи и пехари.

Спортските натпревари завршија со заедничко дружење и песни и игри.

OhridNews