Во Охрид синоќа се одржа комеморација по повод смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска, кој почина ненадејно за време на Школата за млади лидери што се одржува во Охрид во ко-организација на Кабинетот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“.

На комеморацијата присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова која изразисочувство по повод смртта на Алекс Салмонд.

Моите мисли се со неговото семејство и најблиските во овој тежок период. Нека почива во мир, се вели во соопштението од Кабинетот на Сиљановска Давкова.

Алекс Салмонд поранешен прв министер на Шкотска (од 2007 до 2014 година) почина вчера во Охрид, каде учестувуваше како панелист на вториот Форум за културна дипломатија – За жал, Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска кој беше еден од панелистите на вчерашниот форум за културна дипломатија што се одржа во Охрид, денеска ненадејно почина, информираа синоќа од Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

OhridNews