Со музички, драмски и рецитаторски точки подготвени од страна на учениците од охридските основни училишта и градинки, вчера во ОУ „Братство Единство“ беше одбележан Меѓународниот ден на мајката.
Пригодната свеченост ја организираше Женскиот центар „Бисера“ под покровителство на општина Охрид.
Во рамки на настанот беа доделени и награди на најуспешните творби од литературниот и ликовниот конкурсот на тема „Мајка“.
OhridNews