Претстојниот натпревар со Норвешка е клучен за Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство, велат од репрезентацијата која во одлични услови во Охрид се подгтотвува за саботниот предизвик.


Мирсад Јонуз

Играта на Норвешка добро ја проучив, а таа добро им е позната и на играчите со кои заеднички ќе го анализираме противникот, вели селекторот Мирсад Јонуз. Тој најави дека тактиката со која ќе му се спротиставиме на противникот зависи само од Македонија, најавувајќи нова формација со четворица играчи во одбраната и потполна слобода во играта за Пандев на кого во шпицот на нападот ќе му помага уште еден играч.

Олеснителна околност е што сите одбрамбени играчи играат во систем четворка и ќе биде многу лесно да се промени формацијата во одбраната. Мојата замисла мислам дека ќе биде успешна, убеден е Јонуз.


Капитенот и рекордер по број на настапи во репрезентацијата, Гоце Седлоски,  вели дека победата на претстојните натпревари е императив .

Не очекуваат два тешки натпревари , прво Норвешка, потоа Исланд кој ни ги загорчи овие квалфикицааи. Во нашите глави е Норвешка, селекција која доста добра екипи, ние сепак се фокусирме на нашата игра и мечот со норвежаните, истакна Седлоски.


Горан Пандев

Фокусиран на мечот со норвежаните е и нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев. Вели дека не е оптоварен со преговорите околу неговата идна клупска кариера и најавува дека ќе даде максимум на претсојниот натпревар кој е убеден дека Македонија може да го добие.

– Претстојниот натпревар во сабота е најбитниот за Македонија во овие квалификации и сигурно со победа ќе се подигне уште повеќе атмосферата, пред можам да го наречам тогаш, одлучувачкиот натпревар со Исланд. Натпреварот во сабота за нас е да се биде или не. Мора сите да го дадеме максимумот да веруваме во своиоте квалитети бидејќи играме и пред наша публика и можеме да ги добиеме норвежаните во Скопје, вели Пандев.


Филип Деспотоски

Значењето на претстојниот квалификациски натпревар го чувствува и дебитантот, Филип Деспотоски.  

Победа би ја подигнала атмосферата на уште повиско ниво. Почестен сум со повикот во националниот тим, одлично сум прифатен во селекцијата и очекувам поддршка од трибините в сабота, рече Деспотоски.


Во Охрид се гради победничка атмосфера

Мечот со норвежаните за Македонија доаѓа во незгоден момент. Нашите репрезентативци штотуку ја завршија напорната клупска сезона, за разлика од “северњаците“ кои се во полн тренажен процес. „Да бев порано селектор немаше да дозволам, да играме во јуни со овие противници, но тоа е тоа“, вели селекторот Јонуз кој ја побара подршката од медиумите и навивачите пред клучните квалчификациски натпревари со Норвешка и Исланд.

М. Постоловски