Наредната година во Охрид ќе се распределат  70 социјални станови, кои во моментов се во изградба. Становите се наоѓаат во населбата Расадник, а се градат со средства од Владата на Република Македонија.

Според неофицијални сознанија становите ќе бидат наменети за лица корисници на социјална или постојана парична помош, самохрани родители со малолетни деца, млади брачни парови и други социјални категории на граѓани, кои ќе бидат утврдени според посебна методологија изработена за ова намена.


Во Охрид се градат 70 социјални станови

Огласот за аплицирање за овие станови ќе биде објавен откако зградите во кои се сместени истите ,ќе бидат комплетно завршени. Аплицирањето и распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, а за тоа ќе биде задолжено Министерството за транспорт и врски.

Е.Е.