Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање во Охрид денеска ќе се одржи завршен состанок на твининг проектот “Подобрување на квалитетот на воздухот” во Република Македонија.
Проектот “Подобрување на квалитетот на воздухот” во Република Македонија е првиот Твининг проект во областа на животната средина во Македонија и на Балканот, во кој твининг партнер е Финска, а помлад партнер Австрија. Проектот е финансиран во рамките на ЦАРДС 2005 програмата на Европска унија, а управуван е од страна на Европската агенција за реконструкција.
Општа цел на проектот е да се подобри квалитетот на воздухот во Република Македонија во однос на постоечката состојба и се реализираше преку имплементација на пет компоненти.На состанокот ќе учествуваат претставници на Делегацијата на Европската Комисија, Европската агенција за реконструкција како и претставници на Секретаријатот за европски прашања на Република Македонија.
ohridnews