Снегот и лошите временски услови не одат во прилог на екипите кои го одбраа Охрид како дестинација за подготовки за вториот дел од сезоната. Поради тоа деновиве беа одложени неколку натпревари, а и тоа како  нарушен е ритамот на одржувањето на редовните тренинзи.


Во Охрид годинава на подоготовки пристигнаа десетина екипи од Македонија, Србија и Романија. Покрај временските услови на кои не може да влијаат, дополнителне проблем за охриѓани е слабата инфраструктура како и обезбедувањето на дополнителни терени за тренинг на екипите. На Билјанини Извори на располагање се три фудбалски игралишта а како терените ќе ги поднесат подготовките во голема мера зависи од хидро метеролошката состојба. Охрид е интересен за екипите, но..

Интересот е голем, но до колку сакаме Охрид да развива спортски туризам сериозно треба да размисли за поголеми инвестиции во спортска ифраструктура и овозможување на услови за развој на истиот. – истакна директорот на ЈП Билјанини Извори Илче Каневчев.


Од управата на романскиот второлигаш Дачија Миовени кој е хит на подготовките во Охрид просто се чудат како може градот да остане на еден терен на кој се играат натпреварите.

Пријатно сме изненадени од гостопримството и климатски услови во Охрид, но пак не зачудува тоа што има само еден терен на кој може да се играат натпреварите. Во овај подготвителен период на Охрид му се потребни најмалку 3-4 терени како и еден терен со вештачка трева на кој непречено би се играле натпреварите – ни рече Флоријан преставникот на Уфа Медија од Романија

Деновиве охриѓани се растрчани по околните фудбалски игралишта кои би можеле да го издржат теретот да се одигра барем по еден натпревар. Така романците ќе го тестираат теренот во населбата Воска, “Грашница” на кој порано настапуваше Охрид, а фубдал ќе се игра на  игралиштата во  Мешишта и Косел кои ги задоволуваат условите за одигрување на пријателски натпревари.

М.П.