Во текот на вчерашниот ден СВР Охрид санционира 50 пешаци кои непрописно преминувале улица.

На 10.09.2021 година од 10 до 15 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници регистрираа и санкционираа 50 пешаци при небезбедно преминување улица односно преминување коловоз надвор од пешачки премин (Охрид-16, Струга-9, Кичево-23, Дебар-2), информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

Дополнително, во Охрид регистрирани се и 3 прекршоци направени од возачи на мотоцикли.

OhridNews