На подрачјето на ПС Охрид регистрирани се 29 кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори„ и 20 “овозможување на употреба наркотични дроги”, при што се запленети пет килограми и 169,72 грама марихуана; 8,96 грама хероин; 95,36 грама хашиш; 65 таблети екстази; 0,1 грам кокаин, 194 милилитри метадон; 20 таблети хептанон, 20 милилитри апаурин, осум стебла и 51 парче семе од растението “канабис сатива“.
На подрачјето на ПС Струга откриени се 12 кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и три “овозможување на употрена наркотични дроги”, и е запленето 270,36 грама марихуана, 19,9 грама хероин и 17 семки од растението “канабис сатива“.