На територијата на целата држава во првите шест месеци од годината случени се вкупно 193 кривични дела, а регистрирани се 2.228 случаи на семејно насилство. Покрај физичките напади кои доминираат во семејното насилство случени се и три убиства од кои две во Охрид. Првото убиство е извршено од сопруг поради нарушени брачни односи со сопругата и патолошка љубомора, а второто од лице кое со жртвата било во вонбрачна љубовна врска. Третото убиство се случило во Скопје каде севкупно се регистрирани најмногу случаи на семејно насилство – 80.
Во анализираниот период СВР Охрид поднел 38 барања за поведување прекршочна постапка.
Во најголем број жртви на семејно насилство се жени-319, а двојно помал е бројот на жртвите од машки пол -168. Според роднинската врска со сторителот, најмногу малтретирани се сопруги-174, потоа 124 родители, 71 дете, а останатите се во помал број. Како сторители најчесто се лица од машки пол и тоа 429, а само 32 се жени. При извршување на прекршоците 146 од сторители биле под дејство на алкохол, седумина под дејство на дрога, додека 64 извршиле малтретирање како резултат на психичко растројство.