„До сега немавме точна евиденција за станоиздавачите, а општина Охрид е единствена општина во државата која изврши регистрација на станоиздавачите“, истакна Гоце Симоноски-раководител на ЛЕР. До овој момент имаме регистрирано, категоризинао и стандардизирано со решенија 1300 станоиздавачи, информираше Симоноски.
Со реализицијата на овој проект ги демантиравме сите песимистички изјави, рече Симоноски. „Со регистација на станоиздавачите ќе се подобри и наплатата на туристичката такса, а наша законска обврска е средствата собрани од туристичката такса да ги инвистираме во туризмот од што најголема корист имаат токму станоиздавачите“, вели Симоноски.
Овој проект е меѓу шесте наградени на конкурсот за најдобра општинска практика распишан од ЗЕЛС и ЕУ и УСАИД.