Делегацијата на Европската Унија, денеска (понеделник), во Охрид  организира работилница за финансиската поддршка што ја овозможува ЕУ.

Како што е најавено, Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија, и неговите колеги од Делегацијата ќе ги претстават можностите за финансирање што ги нуди ЕУ и начините како да се користат.

Работилниците во Охрид ќе се одржи во Големата сала на општината со почеток во 10 часот.

OhridNews