Македонската репрезентација во хокеј на трева ја забележа првата победа во  својот прв официјален настап. Попладнево во салата „Билјанини извори“ во Охрид, македонските хокеари во ревијален натпревар  ја совладаа екипата составена од претставници на амбасадата на Холандија во Скопје, со 5:4.


Македонија го совлада дипломатскиот тим на Холандија со 5:4

Натпреварот беше неизвесен и израмнет до самиот крај, а македонските хокеари заслужено славеа тесна победа.


гол повеќе во холандската мрежа

Холандскиот тим на теренот го предводеше Н.Е. амбасадорката на Холандија во Скопје, Симоне Филипини која одлично се снајде во улога на хокеар. „Хокејот на трева е многу поопуларен во Холандија и имаме голема традиција, впрочем мојата земја е актуелен светски шампион во женска и вицешампион во машка конкуренција“, ни изјави Филипини. Го сакам хокејот на трева бидејќи е подинамичен и поинтересен од фудбалот, ни рече холандската амбасадорка. Таа информираше дека Холандија веќе и помогнала на македонската федерација за хокеј на трева во опрема за репрезентацијата и клубовите, и дека во тек се разговори за поврзување на македонската федерација со еден добар холандски клуб. „Сигурна сум дека во годините што доаѓаат покрај пријателските ќе одиграме и многу официјални натпревари“, рече Филипини.


Абмасадорката Филипини и п-лот на Мак. фед. за хокеј на трева – Паноски

Престседателот на Македонската федерација за хокеј на трева, Дејан Паноски, рече дека идејата за организаирање на хокеј на трева во Македонија е во функција на развој на спортот. Тој најави дека со помош на холандската амбасада, и на Агенцијата за спорт и млади и Локалната самоуправа, овој спорт ќе почне да се развива и во надворешни услови за што се бара локација за изградба на терен со олимписки димензии. „Целта ни е во иднина хокејот на трева во Македонија да стане олимписки спорт а репрезентацијата да учествува на Олимписки игри“, рече Паноски.


Петрески (десно)во холандски дрес

На натпреварот присуствуваше и градоначалникот на Охрид Алексндар Петрески, кој од холандската амбасадорка на подарок доби дрес. Средбата ја следеа стотина љубопитни гледачи кои можеа да уживаат и во мајсториите на младите хокеари од охридските клубови „Стик 07“ и „Витези“, кои ги одмерија силите во ревијален натпревар.

Г. Момироски