Во НУ Центар за култура Григор Прличев, денеска беа промовирани две дела на авторката Цвета Спасикова од Штип- “Химена” , збирка поезија и “Миленичиња”, збирка поезија за деца.

Нејзината поезија изобилува со емотивни слики и размисли, едноставни животни филозофии,патриотски чувства, љубовен занес, но и хумор и алегорија, детска едноставност и оригинална фантазија.

Цвета Спасикова е автор на повеќе збирки поезија, меѓу кои и книгите: “Бранувања и Виделина”, “Светилник во времето”, “Здивот на Брегалница”,” Македониум”, “Сонот на розата”, како и Драмата едночинка за млади “Ноќ спроти Богородица”.

Освен со пишување поезија, Спасикова пишува и проза.

OhridNews