– Се обидуваме да се подготвиме за користење на поголеми фондови во моментот кога ќе станеме полноправна членка на Европската унија и да функционираме и настапуваме како регион, при тоа да ги надминеме диспаритетите меѓу општините, вели Мирјана Лозаноска од Центарот за развој.
Економскиот и руралниот развој, културата, природното наследство, развојот на инфраструктурата и социјалниот развој- се основните приоритети кога се зборува за развојот на регионот, беше истакнато на промоцијата на програмата.
– Преку заеднички настап на општините од регионот, веќе се доделени средства за неколку проекти. Во рамки на еден од нив, кој се однесува на 13- те општини во регионот, добиена е опрема за детектирање на губитоци на вода. Одобрен е и проект за дооформување на колекторскиот систем, со кој ќе се опфати и дел од струшкото крајбрежје. Поточно станува збор за доопремување на системот за фекална канализациј во дел од струшките села, кој пак има влијание врз загадувањето на охридското езеро, објаснува Лозаноска.
Одобрени се и средства за мапирање- означување на се она што е интересно за гостите на сите туристички локалитети, како што се карти, табли и по 6 информативни екрани за општините Охрид, Струга Дебар и Кичево.