Според Дејан Паноски-претседател на националниот комитет за изработка на стратегијата, главната цел е да се даде основа за долгорочен синхронизиран економски развој, социјално правичен и прифатлив од аспект за заштита на животната средина.
– Оваа стратегија треба да ги даде економските правци на идниот развој, да ги утврди приоритетите на енергетскиот развој и да ги задоволи социјалните потреби на граѓаните на Република Македонија и што е најважно да се води сметка за заштита на животната средина, односно да се земе онолку од природата, а таа да не се наруши, изјави Паноски.
Оваа стратегија ќе биде дел од стратегијата на владата која треба да ја усвои анскоро. Со неа е опфатен и туризмот, со акцент на развивање на туристичките капацитети и промоција на Р. Македонија.