Вечерва, во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа охридската промоција на „Македонска Рок Енциклопедија (1963-2018)“ од Тошо Филиповски.
Присутните имаа можност да се запознаат со приказната за идејата за енциклопедијата, како и идните планови на авторот.
–Македонската Рок Енциклопедија е капитално дело за секоја држава, за секоја нација, секој народ, нормално секоја држава културно се идентификува со генерации кои што ја создавале културата, а македонската музика е еден од културните генератори на овој народ. Она што се обидов да го направам и што конечно има своја завршница е Македонската Рок Енциклопедија, која што опфаќа 333 македоснки бендови кои што работеле во периодот од 1963 до 2018 година, преку 2500 луѓе кои биле директни учесници на таа сцена во креирањето на тој македоснки музички идентитет, преку 400 фотографии на преку 500 страници и тоа се атрибутите кои што го потврдуваат првично кажаното дека се работи за едно капитално дело со кое секоја држава може да се гордее, па верувам и нашата ќе се гордее со него.- изјави авторот Тошо Филиповски.
– Како локален промотер и пред се како пријател на Тошо Филиповски со кој што се знаеме некаде од преломот на милениумот, од 2000та година, уште тогаш ја видов пасијата негова, страста за македонската музика. Практично тој ме воведе мене во тајните на македонската рок музика, знаејќи дека потроши две децении и доста енергија на ова капитално дело, се нафатив да ја испромовирам тука кај нас во Центарот за култура „Григор Прличев“- истакна Филип Ангеличин Жура.
Присутните имаа можност да ја купат музичката енциклопедија по промотивна цена со потпис на авторот.
OhridNews