Во Центарот за вработување во Охрид  беше презентиран ново-дизајнираниот веб портал на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Овој веб портал ќе ги следи и применува принципите на пазарната економија и на корисниците ќе им обезбедува информации поврзани со активностите на Агенцијата за вработување.

Преку отворањето на новиот веб портал на  на Агенцијата за вработувањље се овозможува поедноставна и побрза комуникација и поголем развој на берзата на труд поготово на невработените кои бараат работа и на работодавците кои имаат потреба од работна сила, ни изјави Петар Бурназ соработник во подготовка и услиуги за вработување.

Со тоа се поедноставуват контактите на берзата на труд и ќе се овозможи Агенцијата за вработување на РМ да го достигне нивото на кое што работат службите за вработување во високоразвиените земји, рече Бурназ.

Новиот веб портал на Агенцијата за вработување www.employment.gov.mk е изработен со поддршка на USAID во Македонија.

Г.М.