Е-Тестовникот, кој е прв таков проект реализиран во Македонија, е наменски сајт (pisi.co,.mk), во кој се дава можност за електронска (интернет) проверка на знаењата за основно училиште, средно училиште, матурски испити, национални тестирања и дел факултети, за одредени предмети. Тестовите се од тековните настави и наставни програми за Р.Македонија.
– Проектот Е-ТЕСТИРАЊЕ е наменет за: Учениците кои сакаат да се проверат со знаењето, наставниците кои сакаат да ги искористат придобивките на информатичката технологија, и родителите кои сакаат да го проверат знаењето на своите деца – ученици од една страна како и на родителите кои сакаат да потрошат – искористат квалитетно време со своите деца – ученици на содржини кои не се игра на компјутер, информираат од ПИСИ.