На 16 мај, вторник, во кафе бар Аквариус, ќе се изврши промоција на книгата „Викајте ме Естебан“ од босанската авторка Лејла Каламуиќ, во организација на Блесок.
Книгата ќе биде промовирана од страна на Петар Андоновски и Ѓоко Здравески кој е и преведувач на оваа книга (збирка раскази). Авторката во мај престојува во рамки на резиденцијалната програма на проектот „Читајќи го Балканот“ (во организација на издавачката куќа „Готен“) поддржан од Европската Унија и од литературната мрежа Традуки. Книгата е објавена од страна на Блесок со финансиска поддршка на Традуки.

Лејла Каламуиќ е родена во Сараево во 1980 година, и сè уште живее таму. Дипломирала на Катедрата за филозофија и социологија. Авторка е на збирките раскази „Анатомија на насмевката“ и „Викајте ме Естебан“. Објавува проза, есеи и критика во списанијата и на веб порталите во Босна и Херцеговина и во регионот.

Ohridnews