Синоќа околу 22:40 часот, во близина на охридското село Подмолје, поради непочитување на забраната за движење, односно на ограничувањето на движење од 22 до 05 часот, со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19, приведени се две лица од ресенското село Царев Двор. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 53 прекршоци за неносење лична заштита на лицето: Охрид-24, Струга-13, Кичево-15, Дебар-01.
OhridNews