Билатерални спогодби за соработка денеска во х. „Гарден“ во Охрид беа потпишани помеѓу Институтот за стандардизација на Република Македонија и соодветните институти на Република Бугарија, Република Албанија, Босна и Херцеговина и на Република Црна Гора.


-Потпишувањето на овие спогодби имаат за цел отстранување на постоечките техничките пречки во трговијата меѓу земјите, како и зголемување на нивото на сигурност и заштита на здравјето на луѓето и животните и зачувување на животната средина, истакна директорот на ИСРМ, Љупчо Давчев.

Ohridnews