Во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, денес, беше потпишан меморандум за соработка за иновативен развој меѓу Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола и универзитетот од Корча-Република Албанија.

Меморандумот беше потпишан од страна на ректорите на двата универзитети, Сашо Коруноски и Али Јашари, кои потенцираа дека со  меморандумот за соработка се отвараат два иновативни центри во Охрид и во Корча кои ќе имаат за цел да ги помагаат претприемачите.

All-focus

„ Идејата е овие два центри  да ги запознаат претприемачите, младите луѓе кои ги нудат нашите фондови за инвестиции и технолошки развој за креирање на нови компании и старт ап центри. Тие ќе имаат пристап до средствата за таков вид на иновативни компании. Ние сме тука да ги поучиме како да аплицираат за ИПА програмите, проектите од СБС програмата и да им помогнеме во развој на иновативните идеи“, вели деканот на ФТУ, Цветко Андреески.

Од управата на универзитетот во Корча напоменуваат дека иновативниот хабит  во Корча е прв од таков вид што функционира во рамки на универзитетот и дека ќе овозможи одржлив развој и иницијативи кои ќе имаат плодна соработка во регионот.

Средствата за Иновативниот хабит  во ФТУ се обезбедени преку фондот за иновации и технолошки развој на РМ,  ИПА проектот кој го работат фондот за иновации, центарот  за развој, иновации и претприемачи на РМ, додека хабитот во Корча е поддржна од  Агенцијата за истражување, технолошки развој и иновации и Универзиетот во Тирана.

Т.К.