Македонија и во наредните две години ќе остварува блиска соработка со Светската здравствена организација. Договорот за соработка  синоќа го потпишаа министерот за здравство Бујар Османи и досегашниот директор на СЗО за Европа Марк Данзон, на маргините на состанокот на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација што се одржува во Охрид.



– Со Договорот кој се однесува за периодот 2010/2011 година точно се назначени полињата на кои СЗО ќе соработува со нас, главно во делот на спречување на заразните и незаразните заболувања, истакна министерот Османи по потпишувањето на документот, посочувајќи дека соработката на Македонија со СЗО е особено важна во овие моментни на пандемија.


Според Османи соработката со Светската здравствена орагнзиација е важна и во делот што се однесува на незаразните заболувања, кои како што рече, се товар на секое општество.

– Импелементирањето на оваа спогодба значително ќе го подобри здравствениот систем, од аспект на новите предизвици, додаде министерот Османи.

Состанокот на Регионалниот комитет што се одржа во Охрид учесниците го искористија да разменат информации околу состојбите и активностите за справување со пандемскиот грип.

Ohridnews