На булевар „Туристичка“, пред зградата каде се сместени канцелариите на „Инфел”, денеска е поставена „Закачалка на добрината“. Целта е тука да се донира храна, а мотото на хуманата акција е „КОЈ ИМА НЕКА ДОНЕСЕ, КОМУ МУ ТРЕБА, НЕКА СИ ЗЕМЕ”.

Во овие тешки времиња уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост и добрина и барем малку да ја ублажиме состојбата на нашите сограѓани. Да го поделиме заедно она што го имаме. – порачуваат иницијаторите.

Иницијаторите на акцијата која се случува пред Велигденските празници, уште апелираат до хуманите граѓани кои сакаат да донираат, храната којашто ќе ја остават на „Закачалката на добрината“, да биде добро спакувана, односно да се користи спакуван леб, тестенини, конзерви и се она што е добро заштитено.

Охриѓани веќе го прифатија хуманиот предизвик и почнаа да оставаат храна и пораки на „Закачалката на добрината“

OhridNews