Лајонс Клубот Лихнидос изработи пригодна плоча посветена на големиот македонски писател и драматург Горан Стефановски, која е поставена кај Античкиот театар. На плочата е потенциран датумот 27 ноември, со оглед на тоа што денеска се навршува точно една година од смртта на „Македонскиот Шекспир”.
-Беше планирано и официјално откривање на плочата, но со оглед на големата природна катастрофа во Албанија, која ја погоди силен земјотрес во кој има десетици загинати и стотици повредени, одлучивме да ја прескокнеме пригодната свеченост. – информира ЛК Лихнидос.
Поставувањето на спомен плочата на Горан Стефановски е само симболичен чин со кој градот Охрид покажува дека знае да изрази почит и да ги негува сеќавањата на нашите великани на уметноста и културата, велат лајонсите од Лихнодос.
OhridNews