Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
- Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 28.03. до 07.00 часот на 29.03.2020 година, седум лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, од кои еден во Струга, шест во Кичево. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветни поднесоци, информира Димоски.
Нема регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби и други казнени дела и не се регистрирани сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација.
Регистрирани се 16 нови лица со решение за изолација, од кои две во Охрид, а во Струга девет. Полициските службеници извршиле 83 контроли на лица со решение за изолација од кои 35 во Охрид и две во Струга и 347 контроли на лица со изјави за самоизолација од кои 119 во Охрид- 119, а 78 во Струга. Извршени се вкупно 149 контроли на угостителски објекти.
OhridNews