Во Охрид допатуваа претставници на сите верски заедници. Ватикан ќе го претставува специјален претставник на Папата, а православната црква ќе ја претставуваат двајца архиепископи, повеќе митрополити и други високи свештеници, додека изостана присуството на претставници на Српската, Бугарската и Грчката православна црква и Вселенската патријашија.
Настанот кој привлекува големо внимание ќе го проследат над 100 акредитирани новинари од целиот свет.
Организатори на Конференцијата се Министерството за култура во соработка со Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија. Конференцијата се организира во рамки на Меѓународна година на ООН за зближување на културите.