Со светска премиера на филмот „Сплавот“ (The Raft) на режисерот Одед Раз, вечерва на плажата пред хотелот „Холидеј М“ во населбата Св. Стефан во Охрид, започнува 3-то издание на „Beach Film Festival 2020“.

Филмот е наменет за младата публика. Влезот е бесплатен, но бројот на седишта е ограничен.

На Фестивалот кој трае до недела, ќе бидат прикажани повеќе долгометражни и краткометражни филмови.

И годинава дел од програмата на „Beach Film Festival“ ќе бидат работилници, предавања, како и филмови на македонски студенти.

Медиумски покровител на фестивалот е OhridNews.

Г.М.