Целта на ликовната колонија е да се сруши се уште присутната слика за Балканот како зона на конфликти и несогласувања и да се покаже дека преку соработка во областа на културата може да се дојде до подобра иднина за народите кои живеат на овие простори и во регионот.
Оваа година покрај од Македонија на колонијата ќе учествуваат ликовни уметници од Бугарија, Црна Гора, Албанија, Австрија и САД.Во рамки на колонијата ќе се одржи отворен ден со посета на Вевчани.
Колонијата, е во организација на Фондацијата за стратешки истражувања „Киро Глигоров“ и Асоцијацијата за култура ИКОН.