Македонската езерска полиција ги лови и казнува рибокрадците, а истовремено од водите на езерото од албанска страна секојдневно се вадат голем број килограми пастрмка кои потоа се продаваат во рестораните во Албанија по цена од околу 1. 600 денари за килограм.
Интересот за лов на пастрмката од албанска страна бележи постојан пораст од 90- тите години па навака. Кога пастрмката во големи количини се ловеше од македонска страна, албанските риболовции тоа го правеа во значително помали количини. Според официјалните податоци од Хидробиолошкиот завод, во 1991 година од македонска страна биле уловени 159 тони пастрмка, додека пак од албанска само 9 тони. Во 2000 состојбата целосно се менува- од македонска страна биле уловени 27, додека пак од албанска страна 102 тони. Очигледно, како што се зголемува совеста на македонските валсти за спас и сочувување на пастрмката, така се зголемува и интересот за лов од албанска страна.
Албански рибари се подготвуваат за риболов во Поградец
Пастрмка се лови сред бел ден
Риболовен алат на брегот на Охридското Езеро во Поградец
Стручните лица постојано укажуваат дека забраната од македонска страна не може да вроди со плод доколку истото не се направи и од страна на албанското Министерство за животна средина. И покрај најавите, ловот на пастрмката во Албанија не се забрани.
Во Албанија пастрмката ја има во слободна продажба
Екологистите како еден од начините за спас на пастрмката го наведуваат формирањето на мешовито билатерално претпријатие помеѓу Македонија и Албанија кое би било финансирано од европски и светски финансиски институции.