Граѓаните на Општина Охрид денеска гласаат за избор на пратеници во националното Собрание на 10-те парламентарни избори, петти предвремени во земјата.

Утрово во 7 часот, навреме беа отворени сите 89 избирачки места во Општина Охрид, каде правото на глас можат да го остварат 52510 граѓани запишани во Единствениот избирачки список. – изјави за OhridNews Климент Камнароски, претседател на Општинска изборна комисија – ОИК.

Гласањето на овие избори се спроведува со посебни задравствени протоколи, поради што дваесеттина избирачки места се со променети локации. Истите се означени од страна на Државната изборна комисија, а доколку гласачите до сега не се информирале за новото место на гласање тоа ќе може да го направат и на старото гласачко место каде се поставени информации за промената.

Г.М.