Во организација на Агенцијата за иселеништво на 25 јули свечено беше отворена 16-та по ред Летна школа за учење македонски јазик што се одржува во Конгресниот центар покрај Охридското Езеро.

На отворањето на учесниците им се обрати директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски и им посака успешна работа и незаборавен престој и дружење во татковината.

На Школата присуствуваат деца од Шведска, Хрватска, Швајцарија, Србија, Франција, Малта, Босна и Херцеговина, Германија.

Директорот Близнаковски им додели дипломи на децата, а на наставничките Деспина Велинска, Сашка Соломоновска Јаневска, Розита Закева, како и на директорката на хотелот, Тања Мангоска, им подари икони од христијански светци.

OhridNews