Заклучно со 24.10.2021 година во Охрид бројката на вкупно заболени лица е 6130 лица, 269 починати, а оздравени 5671 лице. До оваа дата активни случаи се 190. Во Охрид опфатот со две дози на вакцина на население над 12 годишна возраст е 58,7%, велат последните информации од Институот за јавно здравје.

На ниво на држаава заклучно со 24.10.2021, вакцинирани се вкупно 808.148 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 771.749 лица, а со трета доза се вакцинирани 10.444 лица.

Со една доза на вакцина против COVID-19 се вакцинирани 48,5% од населението над 18 годишна возраст, односно 44,8% од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население во државата и во странство се вакцинирани 39,1% од граѓаните на државава.

Опфатот со две дози на вакцина против COVID-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 46,3% односно 42,8% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 37,3%. Најголем дел се вакцинирани лица со две дози од возрасната група 25-49 години.

 

OhridNews