Повеќе од 100 милиони луѓе во светот денеска живеат без покрив над главата. Меѓу бездомниците голем е бројот на жени и деца, а една третина  од нив се  цели семејства.

Денешниот ден, 21 декември е светски ден на бездомниците. Иако правото на дом е едно од основните човекови права, голем број луѓе денеска немаат или не можат да си дозволат свој дом. Меѓу нив има зависници од дрога, проститутки, ментално болни, но и личности кои бегајќи  од семејното насилство завршуваат на улица.


во светот денес има 100 милиони бездомници

Во Охрид, како што ни изјави директорката на Центарот за социјални работи, Билјана Наумоска, официјално се регистрирани четворица бездомници.

Ним им е понудено да се сместат во единствениот прифатен центар во Катланово, но тие тоа го одбиле Според законот, бездомниците добиват социјална помош, а имаат и право на еднократна помош по потреба, информира Наумоска.

Во Македонија како што веќе напоменавме постои само еден прифатен центар за бездомници во скопско Катланово. Сепак најголемиот број од бездомниците и натаму остануваат да живеат во градските средини во субстандарди услови. Во поголемите македонски градови бездомниците еден топол оброк добиваат во Народните кујни, но општината Охрид е една од ретките поголеми општини каде се уште нема Народна кујна.

ohridnews