Обединетите нации предупредуваат на најголемата до сега забележана криза при снабдување со вода, со мрачна прогноза на можноста дека кон средината на овој век дури седум милијарди луѓе ќе бидат соочени со недостиг на вода бидејќи бројот на жители на Земјата расте, а водените ресурси се намалуваат.
До 2025 година две третини од човештвото ќе почуствуваат сериозен недостиг на вода, предупредуваат експертите од ОН, а според најцрните прогнози се приближуваме до периодот кога ќе се војува поради питка вода.
водата ја има се помалку
Над 1,6 милиони лица умираат годишно поради тоа што немаат питка вода или вода за одржување на личната хигиена, соопшти Светската здравствена организација Се проценува дека денес 1,1 милијарда луѓе воопшто нема пристап до здрава вода за пиење, 2,5 милијарди немаат соодветен водовод и канализација, а секоја година се поголем е бројот на луѓето кои умираат од недостиг на вода, и таа бројка е 10 пати поголема од цифрата на жртвите во војните ширум светот.
ОН го прогласија 22 март за Светски ден на водата кон крајот на 1992 година, додека од 2005 до 2015 година во тек е Светска декада на водата, наречена „Вода за живот“.
Генерално состојбатра со водите во Макеедонија е добра, но е потребна силна грижа за тие да се заштитат, изјави денеска во Охрид, државниот секретар во министерството за животна средина. Тој најави поинаков пристап во заштитата на речните и езерските ресурси и изградба на повеќе пречистителни станици во земјава кои ќе се реализираат со средства од странски донации
Состојбата со Охридското Езеро е добра, информират од Заводот за здравствена заштита-ЗЗЗ-Охрид. Според Сашо Точко од ЗЗЗ, и натаму најголеми загадувачи на Охридското Езеро се реките Черава, Сатеска, Коселска и Велгошка и дека пред овој проблем не смее да се замижи, туку тој треба да биде решен.
Не смееме да покажеме немоќ и како држава мора да ја подигнеме заштитата на Охридското Езеро кое е најголем басен со питка вода во овој дел од Европа. Решение за реките кои ностат огромни загадувања во езерот мора да се најде, смета Точко.
По повод Светскиот ден на водата денеска во организација на МЈП Проаква во Центарот за култура се одржа голем хепенинг, на кој настапија ученици од основните училишта од градот. На манифестацијата учествуваа и претставници на министертсвата за животна средина и за транспорт и врски, како и претставници од Заводот за здравствена заштита.
Целта на одбележувањето на Светскиот ден на водата е да се истакне важноста на водените ресурси и клучното значење на водата за здравјето, земјоделството и воопшто цивилизацијата. Целта е да се спречи и можна хуманитарна катастрофа и војување поради водените ресурси.
Г.М.