Во последните 24 часа направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19. Од нив во Скопје – 270, Прилеп – 25, Куманово – 24, Битола – 21, Кавадарци и Кичево – по 18, Гевгелија – 16, Велес – 13, Тетово – 12, Гостивар – 9, Неготино – 8, Охрид – 7, Струга и Крива Паланка – по 5, Кочан – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Струмица, Берово ,Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Ресен , Дебар, Пробиштип , Крушево и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (476), регистрирани се 68 реинфекции. Регистриран сe 524 оздравени пациенти од нив во Охрид – 13.
Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (62г, 64г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (78г), Радовиш (71г), Кочани (82г), Битола (73г), Кавадарци (47г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Куманово (1), Велес (1),Демир Хисар (1), Струмица (1) и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 63г. до 89г. Лицата за починати се пријавени во период од 16.02. до 27.02.2022. Од пријавените лица три лица се починати во домашни услови, а пет лица се починати во болнички услови.
OhridNews