Нови 396 случаи на КОВИД-19 се регистрирани денеска, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со коронавирус изнесува 224 134. Оздравени се 207 пациенти и пријавени се 14 починати лица во изминатите 24 часа, информира Министерството за здравство.

Направени се 4.858 тестирања, а новите случаи се регистрирани во Скопје – 196, Битола – 31, Прилеп – 23, Гевгелија – 17, Охрид – 16, Кавадарци – 14, Куманово – 13, Струмица – 10, Ресен – 9, Велес – 8, Штип и Кочани – по 7, Берово и Валандово – по 6, Неготино – 5, Тетово, Кичево и Струга – по 4, Богданци и Македонски Брод – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш и Крушево – по 2, Делчево и Дебар –– по 1. Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од кои 9 во Охрид.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: пет починати лица од Скопје (68г, 72г, 74г, 89г и 94г), две починати лица од Прилеп (53г и 64г) и по едно починато лице од Охрид (87г), Куманово (81г), Свети Николе (71г),Битола (51г), Велес (83г), Струмица (61) и Берово (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени четири починати лица со датум на смрт 17.12. до 25.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Пехчево (2), Скопје (1) и Штип (1). на возраст од 71 до 87 години. Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.

OhridNews