Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.707 тестови, а регистрирани се 465 нови случаи со КОВИД-19, 20 починати и 1.880 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од 465 новозаболени од Скопје се 341, Кавадарци – 21, Струмица – 19, Штип – 15, Куманово – 13, Охрид – 11, Прилеп – 6, Гостивар – 5, Велес, Струга и Гевгелија по – 4, Битола, Тетово, Крива Паланка и Богданци по – 3, Кичево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по -1.
Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 92 реинфекции.
Од 1.880 оздравени пациенти од Охрид се 30, а активни се 250 случаи.
Од 20-те починати лица шест се од Скопје (70г, 71г, 75г, 80г, 83г и 95г), по две од Кочани (60г и 75г), Неготино (78г и88г), Прилеп (72г и 77г) и по едно од Велес (78г), Кичево (66г), Куманово (83г), Охрид (93г), Свети Николе (80г), Струга (80г), Струмица (76г) и Штип (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Ресен (72г), починато во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.
OhridNews