Од Заводот за здравствена заштита информираат дека од страна на Министерството за здравство е добиен допис со кој се налага да се изврши превентивно викцинирање против морбили на населението на возраст од 19 до 40 години. Наскоро се очекува да пристигнат и вакцините.
Комисијата за заразни болести деновиве прогласи епидемија од морбили во Скопје. Главниот град е трет со прогласена епидемија од ситните сипаници, по Куманово и Струмица. Малите сипаници ги разболуваат, главно, децата од претшколска и школска возраст што на 13 месеци и на 7 години не примиле вакцина или ревакцина против болеста.
Малите сипаници се инфективно и многу заразно вирусно заболување, кое се карактеризира со осип и црвени меурчиња на кожата кои се полни со вода. Болните од сипаница најчесто имаат и кашлица, гребење во грлото, повраќање.
Болеста просечно трае од 15 до 20 дена. Во 99 проценти од случаите завршува со добар исход и остава траен имунитет, но може да предизвика и компликации на белите дробови.