Во првиот квартал годинава живородени се 3632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти. Бројот на умрени лица во првите три месеци од годинава бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 5199, а од нив осум се умрени доенчиња, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува -1567 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во Охрид во овој период се родиле 88, а починале 161 лица, односно се бележи негативен природен прираст од 73. Во Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 9, а починале 17 лица. Струга во првите три месеци од годинава бележи позитивен прираст, се родиле 140, а починале 120 лица. Во однос на бројот на склучени бракови во Охрид се 43, додека во истиот период имало 16 разводи. Во Струга се склучиле 109 бракови, а евидентирани се 8 разводи. Во Дебрца нема склучени бракови и разводи во овој период, велат податоците на ДЗС.

Во првото тримесечје од 2024 година, на ниво на држава, се склучени 2488 бракови, што претставува зголемување за 3,8 проценти во споредба со истиот период од 2023 година. Во ова тримесечје се добиени 597 извештаи за разведени бракови.

OhridNews