Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна, информираат од СВР Охрид.

  • Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 05.04. до 07.00 часот на 06.04.2020 година, целосно се почитувала забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19. Истовремено, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во Охрид, не се евидентирани нови лица со решение за изолација и извршени се 49 контроли на лицата кои веќе се во изолација. Во Дебар има 4 нови лица во самоизолација и извршени се вкупно 237 контрола на овие лица (Охрид-1, Струга-168 и Дебар-68). На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 668 лица што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 390, Струга- 278) кои се сместени во пет сместувачки објекти. Полициските службеници извршија 97 контроли на угостителски објекти.

OhridNews