Стручните лица велат дека граѓаните, сепак, треба да се внимателни кога се движат низ парковите и тревите и доколку дојде до убод од крлеж веднаш да отидат на лекар за да не дојде до нестручно вадење на оваа пајаковидна животинка, при што може да дојде до несакани последици.
Крлежите пренесуваат многу опасни заразни болести. Една од нив е Лајмаската болест која на почетокот се манифестира со црвенило на местото на убодот. Граѓаните ги занемаруваат овие знаци сами и нестручно ги вадат крлежите. Со текот на времето, болеста ги напаѓа зглобовите и нервниот систем. Честопати лекарите овие симптоми ги заменуваат со други болести.
Епидемиолозите апелираат граѓаните и болниците да обратат поголемо внимание на крлежите. Особено во период кога сите соседни земји имаат прогласено епидемии на хеморалгична треска.