Најстудено изутрина е во Попова Шапка, каде во 7:30 часот измерени се -2 степени Целзиусови, по што следуваат Маврови Анови и Лазарополе со 0 степени, Крушево со два, Берово и Тетово со четири, Крива Паланка, Претор и Прилеп со пет степени. Шест степени измерени се во Скопје, кај Зајчев Рид, Петровец, Охрид, Битола, Виница, Куманово, Велес, Кавадарци, седум во Струмица, осум во Штип и 9 степени во Демир Капија и Гевгелија.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во изминатите 24 часа најмногу дожд – 28 литри на квадратен метар наврна во Маврови Анови, по што следат Пожаране со 27, Лазарополе со 26, Дебар со 23, Тетово со 16, Охрид со 10, Попова Шапка со 8, Крушево со седум, Претор шест литри на квадратен метар.

Најмалку дожд или еден литар на квадратен метар наврна во Виница, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Прилеп, а помалку од еден во Штип и Струмица.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува седум сантиметри.

OhridNews