Охрид од денеска до 19 јануари по 8-ми пат ќе биде домаќин на меѓународната конференција „Охрид – Водици 2020“, што ја организираат ФОН Универзитетот и Институтот за социо – културна антропологија,  во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на Проучување на Културно Наследство од Баку, Азербејџан, списанието Руски политички науки од Москва, Русија, како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД.

Оваа година конференцијата тематски е посветена на „Современите предизвици за заштита и управување со природното и културното наследство“.

Конференцијата започнува денеска во Куќата на Уранија, а на отворањето ќе говорат пратеникот проф. д-р Рубин Земон, министерот во Владата и претседателот на националната комисија за УНЕСКО  Едмонд Адеми, како и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски.

На конференцијата учествуваат 56 учесници, од 10 земји, со 35 трудови.

OhridNews