Следниот викенд во Охрид ќе се одржи првото официјално Државно првенство во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација.

Првенството ќе го организира клубот „Мастер” од Охрид, како најстар клуб во земјата.

Учесниците ќе се натпреваруваат во форми и спаринг во категориите – деца, млади, постари млади, јуниори и сениори, во машка и женска конкуренција.

Котизацијата е илјада денари по натпреварувач, а крајниот рок за пријавување истекува заклучно со 9 март.

Натпреварите ќе се одржуваат во спортскиот центар „Билјанини извори“ во малата сала, а свеченото отворање е предвидено за 11 март точно на пладне.

Агенцијата за млади и спорт неодамна издаде решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација што веќе 31 година го негува таеквондото како спорт.